нивен (прид.) - крај (имн.)

Тоа беќе безработното меткање и мртвилото на нивниот крај од улицата во сите идни денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше потреба, не толку можеби да ми каже сѐ што е лошо во врска со семејството Поцо, колку дека ги знае минатите настани и луѓето што учествувале во тие настани; дека го знае почетокот на настаните и дека го знае нивниот крај; дека никој не знае подобро и повеќе од него. Тоа, впрочем, беше и точно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Освен тоа, за голата живеачка му прискокна на помош и младата сопруга, која како среднистка се измоли за работно место во филијалата на едно претпријатие од нивниот крај.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Фатени за рака, како во Њујорк изгубени, налетале на некој од нивниот крај, и добиле сместување.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Провинцијалец или руралец е личност која по секоја цена сака да студира у Скопје и покрај дисперзираните факултети у нивниот крај.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)