нивен (прид.) - комбинација (имн.)

Уште кога го затворија, во еден проблесок на свеста, додека со лактите се бранеше од ударите по главата, сфати една, поправо две работи: дека ќе си одева од искрен збор и од лош алкохол, а највеќе од нивната комбинација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој гулаш од документарни драми, репортажи, филмови, мини-серии, видеоспотови, трагикомедии, играј-и-погоди томболи и семожни нивни комбинации се меша во аисторичен фалсификат - семожен сатараш, што со сласт ќе го јаде само фиктивниот просечен гледач.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа никогаш не одобри ни една нивна комбинација, ни една работа која целеше, преку разни ветувања, преку насилство и грабежи, да им осигури лична корист, кариера.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Која е таа логика што провејува во нивната комбинација и ја прави толку примамлива и сугестивна?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)