нивен (прид.) - колега (имн.)

Дури еден нивен колега – кога го прочита своето име на „црниот список за 47 бркање“ – во очај се фрли на пругата и беше прегазен од возот на претпријатието во кое работеше сиот свој работен век!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако ги изреди така од детскопионерска до надворешнополитичка, кадровикот на колегиум го постави прашањето што станува со младиот надобудник кого лично му го препорача нивниот колега техничар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
2 Работната атмосфера во претпријатието, особено пред крајот на т.н. „транзициски период“, беше прилично стресна и напната – затоа што следуваше болен период на трансформација и се очекуваше голем број на работници [вкупно преку 700 вработени], да бидат прогласени за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па и нивната работна облека не се разликуваше многу од затвореничката, така што за надворешниот посетител тие беа истите оние казненици што кршеа камен и ѕидаа темели за недостапни градби, само што сега не им ја надгледуваше работата нивни колега архитект туку нивни професор по керамика, а од работните места до бараките со спалните не ги придружуваа вооружени стражари со дресирани кучиња туку жедни жегалци по суви дрвја и дремовни гуштери под усвитени камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)