Дури ни сега, дури ни во овој момент, ништо искрено и топло немаше во нивниот израз.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ова објаснува зошто ужасот може да сосуштествува со урнебесноста во поетиката на машкиот геј-дискурс, а човечките неволји, како што е епидемијата на ХИВ/сида, може да станат средства за пародија без најмала импликација на свирепост, дистанција или одрекување – без онаа „моментална анестезија на срцето“ за која филозофот Анри Бергсон мислеше дека е нужна за секоја комедија.197
Според некакво хетеросексуално и хетеронормативно културно мерило, кое ја мери искреноста на јавните сентименти според тоа за колку стрејт треба да се сметаат – според јачината на нивното категорично одбивање да ја признаат сопствената перформативност, според нивното свечено клонење од секакво признавање на театралноста или на играњето улоги, на секаков дослух со својата публика околу формалната или конвенционалната природа на нивниот израз и околу недозволивоста на нејзиното признавање – според тоа мерило, велам, сигурно би изгледало дека италијанските вдовици од Фајер Ајленд си ги тривијализирале чувствата, не си ги сфаќале сосема сериозно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)