Во новово време се згоди во едно претпријатие да одработам цели десет години ама правилата на животот се сменија и веќе одамна никому не му се подарува никаков часовник што секако е една од причините некои луѓе сѐ повеќе да се чувствуваат изгубени во времето а нивните души да скапуваат во контејнерите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ние за живот, а тие за смрт. Ние за спас, тие за пропаст. Парите беа нивната душа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја жулкаше рачката како да ги жулка отисоците од рацете оставени од неговите изумрени, како да ги допира самите нив, нивната душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Завидливи се како да се грабаат по ист здив. Мирисот на нивната душа е мирис на кисела зелка! Овде пофалува само оној што мора, нештата и дарбите венеат без внимание, врз сѐ паѓа урокот на просечноста. (Пиштало)
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Посебно, кога во последното писмо во кое го поставувате прашањето за душата, коешто јас некогаш им го поставував на моите родители за нејзиното постоење (во романот Атеистички музеј), се сеќавам на фрагментот што ми го испративте, препишан во младоста од книгата на германскиот филозоф од еврејско потекло Макс Пикар, Светот на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Деведесет Христови воскресенија ќе остават зад себе и кога црковната камбана ќе го испрати архангелот Михаило со нивната душа, тие остануваат да лежат на одарот празнично свечени.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Големата меѓусебна искреност, во овие клучни времиња во борбата за опстанок, во овие јазолни балкански времиња кога поради нестрпливоста да се дојде до разврска по мирен пат, често се посегаше по ножот, ги поврза нивните души до претопување.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од видовитост опседнати
по саноќ страхувале
да не би Небото да ги изневери луѓето
да не им го одземе од очите фасцинантниот
сјај, астралниот отсјај пред којшто
горостасните суштества отстапувале
со извесна нежност
по крв жедни, од крвта се откажувале,
да не би да го заборават
тигрите, леопардите, лавовите
времето кога со љубов биле гледани
и егзалтирани
о, да не би да престане дејството
на космичкиот искон - хипнозата
да не би да е смртна Светлоста
нивната душа, нашата!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Како да не се виделе еден век, како да се гледаа и за наредниот век, толку многу копнеж беше напластена во нивните души.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)