Трпи... - му велеше игуменот. - Гледаш: нивна волја е што ќе стане со манастиров...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
“50 Неуспешниот обид на гемиџиите да се зближат со луѓето на Организацијата на начин каков што тие го разбирале предизвикал разочарување кај нив, а во исто време ја засилиле нивната волја да истраат по патот по кој тргнале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нека ме караат, нека ме тепаат, нека ме казнуваат, нивна волја.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Моите ме немаат никогаш удрено.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
По неговата женидба против нивната волја... Со мене...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Децата може да бидат во некоја ограничена мера изложени на високоразвиените културни облици што содржат и што одржуваат жанрови на дискурс и на изразување – а дури и да се изложени уште од рана возраст на, да речеме, мјузикли или на мелодрами, можеби нема многу да извлечат од нив – но тие се длабоко изложени на стиловите на лично изразување што тие форми ги дефинираат, бидејќи таквите стилови на изразување го обликуваат секојдневниот емоционален живот и ги конструираат разните прагматични начини на кои старателите на децата зборуваат, се изразуваат и се поврзуваат со децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, еден процес на социјализација во машките геј-културни практики може да започне во раната возраст, долго пред почетокот на активниот сексуален живот и пред почетокот на возрасното учествување во некоја геј-заедница, затоа што протогеј-субјектите уште на таа возраст започнуваат да создаваат или, можеби, само да изнаоѓаат нестандарден однос кон сексуализираните или обродените вредности што се врзуваат и со главнотековните жанрови на дискурс, на чувствување, однесување и лично изразување и со културните облици (мјузиклите, трагедиите, мелодрамите, историското конзерваторство, разните естетски практики и интереси) и нивните сврзани емоционални облици во индивидуалното однесување, кои ги отелотворуваат, распространуваат, рутинизираат, зајакнуваат и консолидираат тие жанрови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А протогеј-субјектите реагираат на настраното нудење на одредени одлики или состојки на тие главнотековни облици што комуницираат со чувството на тие деца за различност, со нивната желба за бегство и со нивната волја да замислуваат алтернативи, како што тоа го срочил Бери Адамс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова што штотуку го изнесов тука, се разбира, не е теорија за она што ја предизвикува машката хомосексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мислам на оној неочекуван момент, кога прогонетите не по нивна волја ќе се најдат пред непознати патишта.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
-Во својот бес тие ги принудија мирољубивите млади против нивна волја да се вклучат во нивните армии и да извршуваат убиства против младите на други земји.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
-Во својата алчност тие од производството и продажбата на оружје направија економија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
-За профит тие го загадија воздухот, реките, морињата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)