нејзин (прид.) - претходно (прил.)

Со голема почит Луан Старова XIX И кога очекував Елен Лејбовиц да продолжи со пишувањето за големите теми од Балканот и Европа, како што тоа беше во нејзиното претходно писмо, кога се задржа на темата на жртвувањето на козите на Балканот и на лудите крави во Европа, кое како синдром го следи човештвото уште од неговите мугри, таа го сврте вниманието на сосем неочекуваното испраќање 50 книги од расказите на Алфонс Доде, меѓу кои беше и новелата Козичката на господинот Сеген, со кој авторот постигна светска слава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Радица го немаше тој проблем. Имаше од поодамна јасно поставена цел, а закачените петки беа резултат на нејзиниот претходно вложен труд.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)