нејзин (прид.) - црн (прид.)

Се промени Доста, се наконти. Врза бел тулбен место нејзината црна шамија. Алови кистови, алови прегачи, алови чорапи... Оваа ли е преѓешната Ѓупка!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нејзината црна коса така слатко го допира, што тој се сетува за убавината на второто цутење на вишните.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Чудно е зошто Анакреон молел да му се наслика неговата возљубена со нејзините црни плетенки и уште молел, доколку воопшто можело да се изрази тоа да биде насликан и мирисот на миртата што ја опкружувал.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И повторно навртувајќи го погледот точно во врвот на нејзините црни очи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Земав такси за да се вратам во својот крај, по прв пат самиот во себе како во некоја неверојатна странска земја, повторувајќи во себе дека да, Мари-Клод, да Данфер-Рошро, стискајќи ги капаците за подобро да можам да ја сочувам нејзината црна коса, оној нејзин начин да ја изврти главата пред да прозбори, да се насмее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таму се и Танаско и неговата Пена, таа насетува дека за нејзиното вработување сигурно е заслужен Танаско, сполај му на Господ, наспроти нејзината црна судбина, сѐ туку има од мајка родени што ѝ го прават животот снослив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ноќта го меле огнот. Од нејзината црна челуст прскаат искри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крени ја палатата од зборови високо високо Но остави еден прозорец да гледа Во суетата и нејзината црна бесилка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Далтон веројатно мисли дека кожната јакна нема да треба во зимата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој исто така ја држеше и трската која некако ја добил во барот Рио, се трампал за нешто, се повеке ⥊ се чини за нејзината црна кожна јакна со метални нитни на манжетните кои специјално ги соши една жена во Портланд која тврдеше дека е Циганка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој не размислува што нејзе ќе ⥊ биде потребно зиме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)