нејзин (прид.) - среќен (прид.)

Љубовта ни беше татковина а децата, нејзините среќни жители... – дополни Мајка зане­се­но. – Тоа убаво звучи, ама јас ги чувствував сите маки на тие времиња... – коментираше Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Истава помисла, дека нејзе ѝ е потребен некој кој ќе може некогаш ако затреба да сведочи за нејзината среќна надеж, и пред малку ми наиде, уште кога Бојка стоеше кај фрижидерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гледаше меланхолично како галебите се оддалечуваа, во висок лет, кон устието на реката, на патот кон Солун, градот на нејзиното среќно детство, во вителот на големата светска војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)