нејзин (прид.) - составен (прид.)

Педантно разложувајќи ја интервенцијата на Крлежа на нејзините составни делови Кравар доаѓа до заклучок за нејзината темелна подвоеност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Европа“ се соединува на начини за кои Џин Монет никогаш не ни помисли, иако нејзините составни држави ги искусија грчевите на ксенофобичното насилство и периферната балканизација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој долг ќустек, како да беше нејзин составен дел.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, забележете дека почетната точка на научното објаснување беше потполно неочекуваното и навидум неверојатното согледување дека со спојување на два прилично активни гаса можеме да формираме течност и тоа таква течност чии особини радикално се разликуваат од својствата на нејзините составни делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Варна никогаш не може да се замисли ако се оддели од своите големи туристички комплески - „Златните песоци“ кои се, речиси, нејзин составен дел и по чија должина на дваесетина километрисе шири една песоча плажа и над неа голем зелен појас од разновидни дрвја и цветни алеи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)