нејзин (прид.) - роден (прид.)

Поетската дарба која уште еднаш ни ја потврди Вероника Костадинова со последниот напор, е дарбата што во неа уште долго ќе цути носејќи ни ги сочните плодови на нејзината родна Тиквешија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Мајка, и таа најпосле заспа, но не за долго. Во нејзиниот сон се преплетуваа јагулите во реката, кои сега сигурно на својот пат кон океанот минуваа низ нејзината родна земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јунаците на првиот Мајкин бал, во 1939 година, на чело со грофот Чано, тогашен министер за надворешни работи, ја нападнаа родната земја на Мајка. Нејзината родна земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мама ме гледаше тапо, како да не може да поверува дека нејзиниот роден син може нешто такво да ѝ стори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)