нејзин (прид.) - приватен (прид.)

Таа во овој однос имаше изградено стратегија, со јасно одредена цел, да биде непопустлива, и единствено дозволуваше да биде расколебана во своите ставови кога стануваше збор за прашања кои не ја допираа нејзината посебност, нејзиниот приватен живот и нејзиното професионално дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ех, Џодика, Џодика, што би дала да сум на твоето место, - си зборував сама со себе и одеднаш дојдов до идеја: ќе напишам за себе куса биографија, која би сакала да се најде еден ден на страниците на некој познат светски магазин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу малку се знае за нејзиниот приватен живот, таа си го чува за себе...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)