нејзин (прид.) - отворен (прид.)

Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа стоела таму во речиси непосредна близина на неа, вкочането гледајќи во нејзината отворена челуст и во подадениот јазик, верувајќи дека тоа е мазнен метал или глинена змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нема храброст да се сретне со нејзините отворени очи оти што треба да стори со себе ако и во нив не најде одобрување за својата постапка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)