нејзин (прид.) - крупен (прид.)

Но, во истиот миг блеснаа нејзините крупни, синозелени очи и целото лице ѝ се озари од голема радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најпосле некако се примири, се испружи зад Митра сѐ уште со раката во пазувата и слушајќи ја мајка си како нешто вражи исо устата, влезе во еден мигновен денски сон: ја гледа Пелагија и не ѝ се верува дека девојката што ја гледа е нејзината пријателка, ја гледа на улица, на разминување, облечена во машки пљачки со широка војничка мандија Која ѝ ја одзема и последната женственост што зрачи од нејзините крупни црни очи, се разминува со неа а таа не дека не ја препознава, ја препознава, ама се прави како да не ја знае, Пелагија оди кон запрега на среде улица, скокнува во неа, го зема камшикот и ги фраснува коњите безмилосно, тие ги напнуваат вратовите и јурнуваат по патот што сега е покриен со дебел пласт снег.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тесните фармерки покажуваа добра фигура, а низ свилената црна кошула се оцртуваа нејзините крупни гради.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Погледнав во правецот кон кој таа гледаше и го видов: висок, со кусо потстрижена, речиси избричена глава, со три обетки во увото, немарно облечен, намерно така, за да биде поразличен од другите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, додека девојката точеше пиво, со едната рака држејќи ја криглата, со другата рачката од чепот, со дојките предизвикувачки напнати, на неколку пати го крена погледот и загледувајќи му се право в очи на Еда, со искричав блесок што зрачеше од нејзините крупни сиви очи, милно му се насмевна...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ема сакаше да изглуми дека не го слушна последното или дека за неа тоа не беше толку важно, но челото необично ѝ се избразди, а веднаш потоа се оптегна како излитен појас над нејзините крупни очи, додека по лицето и пролета израз на силна болка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)