нејзин (прид.) - голем (прид.)

Трајанка ја премина таа нејзина голема вода- долговечноста.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Вистински ја сакаа и Лилица. Се радуваа на нејзиниот голем газ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми се пристори како самиот Господ Бог да ја пресоздал ликата на сестра Ангелина во Ангел или, пак, нејзината голема љубов кон нејзиниот син единок.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тоа беше нејзиниот голем, единствен адут.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Ма ајде, ти раскажувале, а јас, кога ми беше ептен тешко и кога мислев дека ќе умрам од тага, одев кај тетка Наде на деветти кат и кај нив барав утеха, од неа и од Еми и Ита, нејзините големи ќерки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И од тетка ми Ане, таа секогаш знае да ме утеши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да, токму така, јас мислам дека е тоа една нејзина голема, огромна грешка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се тркалале по нејзиното големо уплакано лице, мајчински и обилни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тоа не само заради нејзините големи врски со лекарите туку и поради насмевката што ја искористи за да ми ја завитка веста пред да ми ја предаде. Го знам тоа нејзино умеење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не ја прифатив како добронамерна оградата со која се обиде да ми предочи дека не било се едно кога таков малер ќе се случел во куќата на обичниот човек за разлика од генералот или високиот раководител.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Да се случеше барем во одаите на некое воено лице со два чина пониско“, заврши таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја сфатил нејзината голема пожртвуваност да го остави далеку татковскиот дом и со храброст што ќе била преголема и за маж, за овој Лозан Перуника на пример, да ја следи дружината најсигурно со поаѓањето од Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се собирала пред него во лушпата на стравот, и малечка и намалена, со очи што не можеле, не барем ноќе и во таква прилика, да ја кажат тајната на младото срце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во ретките моменти на навлегување на својата најдискретна зона во односите со мене и моите книги, кога трагав по причините за нејзината голема приврзаност кон мојата балканска сага, Елен Лејбовиц не криеше да каже дека читајќи ги книгите на мојата балканска сага, најмногу се приврза за ликот на татко ми.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Малечката Пела веќе одамна фрчи низ носето, а на нејзините големи клепки никако да кацне сонот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тетка Перса не ѝ кажа зошо токму во Света Богородица кога Света Мина е поблиску, веројатно што обесчествувањето се случило на денот, на нејзиниот ден, на нејзиниот Голем ден! На Голема Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Писмото на мојата мајка ми беше испратено неколку дена по мојата средба со Арафат и предавањето на акредитивните писма што доби широки одгласи во тогашниот југословенски медиуми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не би можела да беше жива да замисли ниту мојата баба Хазбије, која сега почиваше во корчанските гробишта, имајќи среќа во смртта, нејзините посмртни останки да не ги преораат како оние на нејзиниот сопруг во повоениот Подградец, неговиот син Сами, не можела да замисли дека најпосле нејзиниот внук ја отворил нејзината голема затворена врата на животот (а kapi), станал амбасадор. Вратата која баба сакаше да ја отвори, вратата на границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги читаше најчесто пред да заспие, како делови на нејзината голема молитва.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само светите книги ги беше поместила најблиску до себеси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мојата Мајка не ја криеше својата секогаш притаена гордост што за нејзиниот син се пишува насекаде и за неговата улога во палестинското прашање, но уште повеќе не ја криеше и нејзината голема загриженост за моите деца.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа што наизглед е нејзин хендикеп - самоурушување на сите замисливи авторитети, коешто систематски се одвива пред нејзините очи, наедно е и нејзина голема предност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се чувствував ужасно во масата сивило на нејзиниот голем мозок ...“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Толку голема душа имаше, беше со силен мајчински корен во семејството кое силно го разграна со љубовта нејзина голема и трпелива.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таму ја чекаше едно друго време кое се одвивало на друг начин во нејзината голема внатрешна тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А имаше сешто во нејзи­ниот дом, кога имаше во нејзиното големо срце.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дали поради нејзиното големо страдање во животот, често во ситуација меѓу животот и смрт­та, особено во војните, со нас децата, беше обземена од мистеријата на душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше бес­крај во нејзината голема душа, посилна од историјата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше тоа мала победа над нејзината голема самота која, потем, ја славевме, со нејзините внуци, во другиот дом, до новото Мајкино заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние сѐ повеќе учествувавме во Мајкиниот буџет, во нејзината голема, сега прв пат забележана хуманитарна мисија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во миговите на големата самотија, кога речиси сите ја оставивме, затрчани, амбициозни, по отворените врвици на животот, на чиј хоризонт беше успехот, амбицијата, Мајка, по Татковото исчезнување, за најголеми, последни, најверни пријатели ги имаше Татковите книги, а среде нив, нејзината голема книга на животот и на смртта, каталогот на стоковата куќа Ринашенте, од 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ми зборуваше тивко, додека чекоревме кон местото каде што очекуваше да ја види онаа Мајка Тереза од својата улица, но по нејзината голема мисија во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше восхитена од нејзините големи подвизи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кревај, кревај, не се крева, тежината нејзина голема. Црева ќе ми искине. А женска сила за на носила.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)