нејзин (прид.) - близок (прид.)

Доаѓаа абери, преку с уште затворената граница, за исчезнувањето на нејзини блиски, најблиски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зарем ако не беше така, толку многу ќе се приврзеше кон Марија, кон нејзините блиски?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Судирите меѓу мајките и синовите се вистински кандидати за тој возвишен статус (еве, колку за почеток, помислете си на Хамлет и на Орестија), но борбите меѓу жени од различни генерации едноставно не се граѓа за трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можете ли да се сетите на пример во западната книжевност за генерациски судир меѓу жени што може да го претполага истото трагично величие како машките генерациски борби од Илијадата и од Цар Едип?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најблизу дотерала Електра од Софокле, но она што конечно ѝ ја дава на таа драма нејзината сериозност е нејзиниот близок, подреден сооднос со династиските преокупации на машката култура: татковата оставнина, владетелското наследство, преносот на сопственоста од татко на син и продолжувањето на машката лоза.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да ја озборуваа селските жени по селото, тоа и беше и не беше некое чудо, ама еден летен ден, ужина време, ете ти го еден нејзин близок роднина со автомобил со ковчег одзади и со заамкана курбла на моторот напред, брчало, како што го завикаа брезничани, и кое кога посилно ќе го завртиш, автомобилот збрчува, почнувајќи целиот да се тресе како куче оставено на дожд.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нејзините гласни очајувања траеја со часови по завршувањето на посетите на нејзините блиски.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние влегувавме во нејзината соба и ја уверувавме дека ќе ѝ ја донесеме ќеркичката, но таа како да не можеше да нѐ слушне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знаев дека таа знае за Мајка Тереза, за нејзините блиски.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, од нејзините блиски, уште беше дознала дека Мајка Тереза ќе стигне дури во Калкута, следејќи ја Божја­та волја, дарувајќи им ја добрината на своето срце, величи­ната на својата душа, на најбезнадежните, на отфрлените, на болните од лепра.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа, со години, веќе не се зборуваше за Мајка Те­реза во родното маало, по заминувањето на нејзината блиска рода, макар што нејзината слава во светот стануваше сѐ поголема, особено по нејзиното добивање на Нобелова­та награда за мир, во 1979 година, добивајќи ја и во името на сиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)