нејзин (прид.) - член (имн.)

Организацијата беше и е завиена во тајна, така што долните нејзини членови се слепи орудија за исполнување само на работи диктирани од горни причини и интерес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто, како поинаку можеше да се одржува на потребното ниво оној страв, онаа омраза и налудничаво лесноверие што ѝ беше потребно на Партијата со нејзините членови, освен преку заробувањето на некој моќен инстинкт и неговото употребување како движечка сила ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Првото, дека вината за неуспехот на востанието била во неговото предвремено кревање и второто, дека ослободувањето на Македонија е можно само со помош од Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
АКТИВНОСТА НА ТМОРО ПО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Неуспехот на востанието било причина за бројни несогласувања меѓу нејзините членови при што се издиференцирале две гледишта.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Известувачот не можел да утврди "кого точно претставува оваа делегација", иако на нејзините членови им се обраќале како на "делегати на бугарскиот народ".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивни водач бил Добри Терпешев, а во делегацијата биле генерал-мајорот Благој Иванов, Петар Тодоров и Стојан Крстев, поранешен министер и новинар.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А тоа е потсетник дека тука се работи за отворено геј-спортски клуб, во кој припадниците на тимот не се само ликови на локалната гордост туку и ликови кон кои постои имплицитен еротски восхит, па дури и експлицитно сексуално доживување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, во контекстот на одбојкарскиот турнир, геј-присвојувањето на тие зборови му вбризгуваат имплицитно сексуален елемент на односот меѓу тимот и клубот што го поддржува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повикувајќи се на стандардната поделба меѓу кралици и трејдови, тој ги задева членовите на салата, повикувајќи ги да се идентификуваат со говорничката што ги изрекла зборовите, а со тоа и самите да се постават како кралици, а спортските јунаци од одбојкарскиот тим да ги идентификуваат со нејзиниот бучовски воинствен предмет на љубовта и така да ги претстават како трејдови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Преземајќи ја како колективен субјект на изговореното персоната на пленицата, на предосудената принцеза што трагично се вљубила во јунак војник и рекапитулирајќи ја хетеросексуалната театралност на љубовната приказна, цитатот иронично им конструира на обожавателите на тимот една женствена субјектна положба на страсна, занесена, очајничка и престапничка сексуална желба, во која се комбинираат женствената родова улога, хомосексуалната желба, мелодраматичната театралност, расната различност и субверзивната остроумност. ‌Поконкретно, оперскиот цитат упатува на возможната еротска поврзаност меѓу обожавателите, кои го изговараат поздравот, и припадниците на тимот, кои на турнирот ќе ја претставуваат спортската сала не само како протагонисти туку и како сексуални партнери (или можеби како посакуваните сексуални партнери) на (некои од) нејзините членови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така Елеазар бен Цви ја зацврсти својата конгрегација и по победата на неговата определба, дури и ја прошири, уживајќи уште поголема почит од нејзините членови.  Сега патува на големата рабинска конференција што се одржува со Ерусалим, една од оние средби на кои се зацвртува единството на верата, а се одржува на теолошката тема насловена „Жртва посветена на Севишниот”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоцио­налната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што го покажував во текстот Мо­дер­нитет и амбивалентност, но и во делото Навестувања на постмодерни­те­­тот, се состои во тоа дека постмодерните заедници им се послични на Кантовите естетички заедници отколку на Тениевата заедница која му претходи на изборот на секој нејзин член и го детерминира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)