нејзин (прид.) - тишина (имн.)

Татко продолжи да ја толкува моќта на нејзината тишина, на нивната заедничка среќна тишина, како во времињата на младешката љубов.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Непробојна и тешка, таа лежи врз смранатите стреи и сее дожд и страв но не грми и не убива со громови туку е молчалив злсоторник; нејзината закана е во нејзиното влажно молчење а црните капки на нејзината тишина се во цевките на патролите и на врвовите на невидливите војнички штикови и во се што не е видливо и сепак е присутно во и вон од него, и не затоа што е пијан, и не заради присустното отсуство на двете Марии, заради нешто друго, заради едно враќање кон незаборавниот скалпел, кон животот!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По нив замина и таа нивна залеликана песна, оптегната, како најдолга опашка од најстрвната комета, што ја имала во себе некоја ноќ, секогаш испиштувана од прежилено, улетнато грло, и разнесена низ ноќта, воопшто без да ја нарушува нејзината тишина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тоа си беше нејзиното длабоко потиснато верување, обвиткано со густите слоеви од нејзината тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)