Во КПУЗ „Скопје“ постоеше синдикатот на УПОЗ – гранков синдикат при ССМ, но Зефиќ не беше негов член.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Причина за покренување на спорот од нејзина страна е нејзиното деградирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ѓаволите. И децата се на нејзина страна.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога таа се расправаше со нас секогаш беше на нејзина страна, па дури и кога знаеше дека таа не е во право.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
На секој круг погледнувавме нагоре за да бидеме сигурни дека е тој тука и ќе му мавневме со рацете.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И навистина јас придобивав веќе извесни знаци на наклоност од нејзината страна, доволни да се замислам како јунак на една убава сказна што си тече и си тече.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На едната нејзина страна личеа ликовите на цар и царица, а имаше и други знаци и букви, прилично излижани и нечитливи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ако едноставно го свртеше лицето кон нејзината страна на креветот, или ако се обидеше под покривката со раката или со ногата да го почувствува нејзиното присуство, ќе дознаеше дали таа беше на креветот, но тој не го стори тоа зашто ако таа беше таму и ако беше будна, ќе може да исконструира дека тоа е знак на прошка или за негова потреба од неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Рози молкум погледна во Кети барајќи таа да застане на нејзина страна, за да го убеди Милан да се откаже од своето милениче.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Слабо фајде беше што Светлана стоеше на нејзината страна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа ноќ, како да почувствува дека среќата и радоста се на нејзина страна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Севишниот, сепак, беше на нејзина страна, покорно ѝ ги ислуша и ѝ ги исполни нејзините таинствени желби.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Речиси нечуен глас како да сакаше да застане на нејзина страна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во тие дозорни часови нејзината бунтовна душа, сепак, беше на нејзина страна. Реши...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ова Рада не го искоментира, но беше сигурна дека водата тече на нејзината страна - Да!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но кога Али Фетхи Окјар се најде како амбасадор на Република Турција во Лондон, баба веруваше оти Бог е повторно на нејзина страна, и синот Сами ќе појде повторно во Лондон, при својот вујко.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во вообичаениот термин за разговор со него, по неколку прашања и неколку одговори од нејзина страна, ѝ рече: - Ако сакаш, можеш да одиш дома на викенд...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ја зеде ли во заштита? Застана ли на нејзина страна?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Родна откако ги потсмирува струите што ѝ шетаа по телото, се подисправа, си ги гледа разголените нозе, внимателно си ги покрива со веленцето, а го поднаместува веленцето и врз својот Петар од другата нејзина страна кој се однесува како да е мртов, ни се слуша неговото дишење ни се гледа, а не се гледа ни мислата што му седи во главата која неговите физички заспани очи широко ги има отворено и со нив како да гледа и преку коската на черепот и преку дебелото веленце што го покрива сосема.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Доста намириса оти Трајко ја држи нејзината страна, затоа почна да крои планови за иднина: — „Ете су на друг ред.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Имаше тука и некои други размисли од нејзина страна но мене токму овој краешник од нив ми се стори сместен на панагонот на нејзините магарешки забелешки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На едната нејзина страна беше изгравирано веќе спомнатото Ич, а на другата страна Раде со клинец го издлаби своето име.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но притоа ни најмал приговор од нејзина страна за однесувањето на домакинот; ниту збор за нередот што братот Виктор го остава зад себе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Очајот не може да ѝ се превиди
ни да се спореди, кога ме здогледува
на нејзината страна.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Е,тогаш Анатолиј за првпат спомнал, и тоа, замисли си, во нејзино присуство а без да ја предупреди, дури и без да побара согласност од нејзина страна, едноставно човекот изјавил дека има намера да се жени и дека токму нејзе ја избрал за невеста.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Речено нашки, ги осветлил сите свои намери а без да побара согласност од нејзина страна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од своја страна, бугарскиот министер за надворешни работи одговорил дека со таквата политика САД сакаат само „да ја продолжат војната“, но американскиот претставник одговорил многу јасно, потенцирајќи дека „Америка не можела да си го дозволи поразот на Англија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓу другото, тој истакнал дека САД во војната ќе ги поддржуваат Велика Британија и сите држави што ќе застанат на нејзина страна и ќе ги вложат сите воени напори и ќе направат сѐ „Англија да не ја загуби војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- прашав јас, приближувајќи се до вратата изненаден од тоа што овој што е од другата нејзина страна не ѕвони туку чука.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа не ѝ се чинеше како претерување од нејзина страна...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ликот на Доне, а снагата на Чана или на некој предок од нејзина страна поголем и од неа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)