нејзин (прид.) - срце (имн.)

И така патот продолжува, со кратки одмори, кон Париз, и така, додека ја минуваш Еворпа, додека нејзиното срце го сечеш со колаи поминуваш многу државни граници без формалности, без долго и мачно прегледување на патните исправи, без удирање на печати и други формалности, не се лувствуваш дека си минал од една во друга држава, туку како да си минал од еден во друг град на иста земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Избраникот на нејзиното срце беше Јон, едно здраво, цврсто момче со румени образи и убава насмевка, син на млекарот што со каскет на глава, секоја квечерина доаѓаше дома и ни носеше пресно млеко.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нов цвет во нејзиното срце.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Штом неговото мртво тело го изнесоа од храмот - свена и нејзиното срце: Херо умре на рацете од својата верна дружбеница Јанте.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но нејзиното срце беше ледено. Затворено...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој не го разбра сјајот во замаглените, од среќа, очи на Сашка. Ни копнежот на нејзиното срце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сето доживеано вечерва беше вистинско, што толку го сакаше, по што толку копнееше нејзиното срце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секое нешто во кое се загледуваше, разбудуваше море од спомени, ја враќаше во далечното минато и копаше во нејзиното срце, кое изгоре во огнот на нејзините копнежи и напразни очекувања.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неуморно копа во нејзиното срце - не би ли истргнал оттаму близок, сакан трепет: заради неа, заради сите. Најповеќе заради неа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не растевте од нејзиното срце во очите од мермер не ја вселивте залудноста на своето пролетно ‘ртење Бевте немоќни. Оставивте сама да умира.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Токму така пее и оваа птица, пее и продолжува да пее без да застане да земе здив, и се плашам дека нејзиното срце може да препукне ако не престане за да земе здив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзината коса сè уште мириса на чисто во зачадената просторија, нејзината дланка веќе почнува по малку да се поти нежно стегната во неговата, а во ребрата го чувствува нејзиното срце – чука од некоја нејзина, за него сè уште непозната длабочина додека тој полека ја води, со сигурен чекор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што се случило со нејзиниот ластар, што се отчепи од нејзиното срце?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ни глас, ни вест од тој што само ја подотвори портата на нејзиното срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виктор го чувствуваше рамномерното чукање на нејзиното срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада одвај ја слушаше. Се прашуваше дали нејзиното срце е доволно силно за средба со судбината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборот „врати“ како да го прободе нејзиното срце, се вознемири, свеста ѝ се разбранува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислата ја гарнира со насмевка, а со очниот сјај веќе му го предаде клучот до нејзиното срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Туку само на тој што веќе се вгнезди во нејзиното срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму некаде близу до квазарите, до тие далечни ѕвезди, таа стоеше трепкајќи во ритмот на нејзиното срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од сред водјето списка од болка! ’Ивлин!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури тогаш се збрчкале исушените гради и на камениот раб наскоро останало само купче прав.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По неколку дни ѝ замрел здивот, како и гласот, арно ама неподвижните гради не ѝ загубиле ништо од благото изворско изобилие, и заспаното дете во вдлабнатините на нејзините боски сè уште го слушало нејзиното срце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сети како тој ја зграпчува за рака: ’Ајде!’ Сите води на светот навалија на нејзиното срце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како што наближуваа, нејзиното срце почна сѐ поинтензивно да чука, препознавајќи го и него: тоа беше нејзиниот љубен Петар. Рака под рака со Атина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го понесуваше и го ужасуваше жената од која бликаа зрелоста и подготвеноста страсно да даде сè што извираше од длабочините на нејзиното срце, од душата и од пичката, а притоа да биде детски наивна во виртуозната игра со која двајцата се спојуваа во мирис на свежа пот и едвај чујни, неартикулирани гласови, во топлина и сласт разлеани по чаршафот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зборувајќи, таа правеше грациозни кружни движења со белите раце пред себе, при што се спојуваа точките што требаше да ја означат земјата, небото и нејзиното срце, и јас сетив како ми се олабавуваат мускулите и ме обзема некое чувство на целосно спокојство и убавина, наспроти тоа што се говореше за некаков гроб.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа, само нејзиното срце го знаеше. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тука се бабините! открива нешто убаво во срцето забележувајќи како се стиснати околу неа, ама така, при свртувањето, додека низ нејзината глава се разбиструва сликата од мигновеновиденото: Добра со малечката таму во ќошот, со главата во скутот на мажот, а тој седнат со грбот на штиците и со отворена уста, Чана со мајка ѝ крај неа Види лебати, Чана си има ќерка! и никако да се сети кои се другите расфрлани низ бовчалаците и пљачките, и одеднаш она убаво во нејзиното срце станува болка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Да можеше некој да наѕре во нејзиното срце. Тоа беше скршено засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти сакаше да ја донесам Африка и нејзиното срце. Конго во нашата соба. Модрите води на Танганика. Изворот на Нил. Занзибарските ѕвезди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па дури и тогаш кога дошол со својата тајфа за да ѝ направи серенада пеејќи ѝ ја песната за несреќната Рајна Коцева, таа и самата не го сфатила најсериозно, иако зборовите, што ѝ ги испраќал преку песната, Рајна, самата ми го призна тоа, втасувале дури и до нејзиното срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пелагија само климнува Така е, мајко Персо, во нејзиното срце има место за многумина, за сите Егејци, како и во твоето! Перса длабоко издишува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така ја отвори насмевката во темното лице, а се надева, внесе и малку радост во нејзиното срце.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не знае поради што, ама никако да го прифати како нормално дете кое оваа есен за прв пат треба да појде на училиште, особено не може да прифати почесто да се гледааат со Пеличка, нејзиното срце слути само лошо, чувство што не сака да го сподели со Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)