нејзин (прид.) - спомен (имн.)

А во нејзините спомени живееше и каталогот на Ла Ринашенте со италијанската пролетна мода од 1939 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа момче од нејзините спомени кое ја гали со јаболко, кое ѝ шепоти бајка, кое ѝ подава нож, е брат ѝ Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во нејзиниот спомен се врежа тој миг, ама никогаш не го проколна ниту денот ниту луѓето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)