нејзин (прид.) - сон (имн.)

Мајка знаеше дека, со Татковата немоќ повторно да заминеме некаде, се исполнуваше нејзиниот сон да останеме овде, поблиску до родната земја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Замина синот, небаре со мајкиното западно крило, кон Лондон, кон Западот на нејзините соништа, како што другото крило го однесе постариот син во Цариград, кон Истокот на најзините соништа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби затоа, по години отсуство, го чувствувам оној непријатен грч во градите, додека се гледам во нејзиниот сон со сивата осумкатница, чувана од гардисти со жолти панделки на испегланите сини униформи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неусогласеноста меѓу изгледот и облеката се очитува и во нејзиниот сон во подземните одаи на пирамидата, во кои најнапред е запленета како наивен, изгубен турист, каде останува како доброволна љубовничка на фараонот - Сонце, синот на порозната сфинга.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нејзиниот сон само во почетокот ја почувствува еротизираната идила од снимката, кога детето со златни шишки лесно се симнува од облаците, виснато на дебело јаже.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И во нејзиниот сон одеднаш од пазувите почнаа да излегуваат крилја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, токму таа точка беше нејзиниот екран, се гледаше себеси но и оној кој беше „искован“ од нејзиниот сон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се случуваше мајка ми рано наутро да влезе во татковата библиотека заедно со првите сончеви зраци, да ја угасне ламбата крај нејзиниот сопруг, заспан врз книга на која ѝ ги доверуваше соништата, односно ги примаше нејзините соништа... Така би некогаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Колку што настојуваше генерално да го согледа текот на настаните во светлината на ангажманот на Европската унија и САД, заплашена тие да не се претворат во војна како претходно во Босна, Хрватска и Косово, таа беше силно внесена и вникната во мојата судбина како човек и писател на една балканска семејна хроника во текот на XX век.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Која беше причината за ваквото мое однесување?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам на нејзиниот одамна промовиран лет што јас секогаш го поврзував со нејзините соништа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да сум влегол во нејзиниот сон, што ли?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Знам, тој соновник ќе се однесува само на неа и ќе важи само за нејзините соништа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мајка, и таа најпосле заспа, но не за долго. Во нејзиниот сон се преплетуваа јагулите во реката, кои сега сигурно на својот пат кон океанот минуваа низ нејзината родна земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)