нејзин (прид.) - смрт (имн.)

Кога почнав да ја пишувам оваа книга идејата беше во неа да биде застапена само Ласа (преку нејзините записи и сеќавањата засновани на нејзините раскажувања) и мојата исповед за вината што ја чувствувам поради нејзината смрт.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Па нека е тоа и по нејзината смрт.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа е тука, а ја нема!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не, за нејзината смрт слушнав токму кога влегував во Копенхаген.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Или, од друга страна толкувано, ако уметноста е мртва уште од самото објавување на нејзината смрт, тогаш тоа не била уметност туку творештво на лажна, невистинита уметност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или ако уметноста е вечна (апстрактна) тогаш објавувањето на нејзината смрт е само промена на димензијата на нејзиното остварување и она што денес го прават уметниците е некаква си постхумна уметничка дејност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сега ја замислуваше Рози мртва и не беше потрсен од тоа што таа беше мртва или од фактот дека тој бил причина за нејзината смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не криеше да се прикаже како посебно потресен од нејзината смрт!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто да не признаам, за момент и позавидев, посакав да бев на нејзино место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, нејзината смрт изгледа патетично, растажува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Велат дека некоја квечерина, неколку месеци по нејзината смрт, дошол некој човек, остарен, со виток стас, со букет во рацете, поминал покрај траурната порта на Невена, троа подзастанал и си заминал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мајка ми целосно ги почитуваше нејзините животни ставови, па по нејзината смрт, таа ми даваше совети што ме нагонуваа да одам само право, да гледам само пред себе, ако сакам да си го изживеам животот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Многу години по нејзината смрт, во секоја сенка Богдан ја гледаше неа оживена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајка ми умре како леунка. На нејзината смрт не се сеќавам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бев многу побожна и си мислев ако заиграм пред да помине година од нејзината смрт, ќе ме гледа и ќе ми се лути.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Гледајќи ја беспомошно, му дојде некоја тага, помислувајќи дека е тој крив за ова што ѝ се случи, за нејзината смрт.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Бератите и ферманите за кои расправа слугава дека и биле дадени на султанијата, и тие се угасиле со нејзината смрт.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеби требаше да ја достигнам нејзината мака до степен на катар­за, па да се излеат, токму низ моите очи, нејзините задржа­ни солзи, дури по нејзината смрт.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзината смрт ми припаѓаше мене.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А според приказната, жената добила жлездена чума и поради тоа никој не смеел да дознае за нејзината смрт, бидејќи цел Париз би се испразнил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Се согласувам со тебе. Има такви, како што ти ги нарече -подбуцнувачи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вистина е она што се зборува?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Божем не била нејзината смрт, како што беше објавено, несреќен случај!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со нејзината смрт жените во селото здишнаа олеснето, зашто пред извесно време, пред да се растури фронтот, Цанулица, сета бесна, влета во црквата на празничен ден кога попот Матлија држеше богослужба и му свика: ”Ти попе, црквата да си ја гледаш, а не да се мешаш во туѓи работи...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ми останува само одвратниот заклучок“, вели Burroughs подоцна, „дека без нејзината смрт никогаш немаше да станам писател“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Микеланџело (Michelangelo), да речеме, налетал на Виторија Колона (Vittoria Collona), маркиза од Пескара, која му станува блиска пријателка: макар што речиси воопшто не се гледале (своите последни години таа ги живеела во манастир!), тој и посветил некои од своите најдобри сонети, не престанувајќи да и пишува и да и ги праќа цртежите, правени специјално за неа, сѐ до нејзината смрт...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц не ја издвојуваат само околностите во кои вие двајца се среќавате (без формално да се сретнете) и комуницирате (без да си кажете дури и еден единствен збор), туку ја издвојуваат интенцијата со која таа решава да Ти пристапи и доследноста со која ја спроведува својата чиста намера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Стариот циник и среќно оженет женомразец Џорџ Бернард Шо (Georg Bernard Shaw) секојдневно се допишувал (и тоа со години!) со убавата госпоѓа Патрик Кембел (Patrick Cambell), една од најголемите актерки на своето време; дури и се карал со неа (во епистоларна форма!) за различни работи, главно за постановките на неговите пиеси, но речиси никогаш не се гледале, иако дури и живееле во близина; од нивните писма (стотици, можеби и илјадници на број!) подоцна е составена прочуената епистоларна комедија со луциден наслов Драг мој лажго, позајмен од едно од нејзините врцкави писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
До крајот на летото, дури ако и не се расправавме околу жената, ја имавме стекнато навиката да се расправаме за сѐ друго. што е подобро: кучиња или мачиња, рок или Џез, Кубовите или Соксите, тако или ег-рол, лево или десно, ден или ноќ - можевме да се караме за било што.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше веќе потребно да се расправаме или да се милуваме за да ја повикаме удавената жена; каде и да одевме, таа се појавуваше по своја волја: во ресторантот „Роки италијанска говедина“, во „Линдо Мексико“, и во „Куќата на Донг“, нашиот омилен кинески ресторан во кој што сѐ уште често одевме затоа што во почетокот на годината, кога беше зима и ние тукушто бевме почнале да излегуваме, нѐ оставаа да седиме и разговараме до касно само со малечки шољи јасминов чај и раздробени „колачиња на судбината“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се расправавме за удавената жена, за тоа дали нејзината смрт била самоубиство или убиство, дали нејзиното појавување таа ноќ било предзнак или коинциденција, а ти тврдеше дека предзнакот всушност и претставува коинциденија која нешто значи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)