Сето тоа, населбата со избеганите жители, улиштата и живината, како и целата Потковица, како и сето поле надвор од неа а кое и денеска го сочинува нејзиниот синор, беше своина на големиот и прекрасен имот подигнат на западните падини на Зедница, на родно земјиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овие две комшиски села, Тополчани и Тројкристи, кои тукуречи лежат на плеќите на Потковицата и граничат направо со нејзиниот синор, не се во најдобри односни со нејзините жители.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)