Собата се затемнува уште повеќе, и нејзиното исправено тело, посеано со тенки, скоро проѕирни ленти, што како бледо-црвени камшици ја обгрлуваат нејзината силуета, сега е сосема нестварно, а сепак близу, толку близу што го насетувам влажното дишење на невидливиот плот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Будимпешта, низ која тече Дунав, е посебно доживување за оној што овде првпат ги доловува нејзините силуети и сиот град, кој се протегнувал на близу четириесеттина километри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Фантазирав, затворен во собата како ембрион во плацента – магличавите слики низ кои се провлекуваше нејзината силуета, се враќаа од некој дамнешен, затворен сон.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ја следевме сите, со еднакво загрижен поглед, нејзината силуета како навлегува во другата гранична зона.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)