нејзин (прид.) - семејство (имн.)

Беше сигурно дека Татко сакал да ги оживее, да ги растолкува знаците на овие сиџили во кои претпоставувал дека се крие кодот на идентитетот на неговата мајка, на нејзиното семејство коешто најмногу го одбележа неговиот живот, оној со средиште во цариградското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се обидувала, кутрата, кога веќе не успеал со едниот, тогаш баремдругиот син да замине во Цариград, преку нејзиниот роднина Фетхи-беј Окијар кој ѝ бил единствената врска со нејзиното семејство, кога тие заминале во Турција а таа кон Езерото...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имаа повикано преку 700 гости меѓу кои и видни личности од џет сметот што беа пријатели со нејзиното семејство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ме поведе дома. Ме запозна со нејзиното семејство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа ноќ старата ластовица и нејзиното семејство преспаа кај најблиските соседи, под стреата на соседната куќа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Возејќи накај дома ми раскажуваше за тоа што се се има случено во нејзиното семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Убава, имав приатели, ја имав сестра ми и нејзиното семејство, патувања, дружења, вечната тага по изгубеното блиско суштество, спомените од деновите поминати во Париз...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ослободувањето од плаќање на трошоците на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При донесувањето на одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката, судот грижливо ќе ги оцени сите околности, а особено ќе ја земе предвид вредноста на предметот на спорот, бројот на лицата што ги издржува странката и приходите што ги имаат странката и членовите на нејзиното семејство (чл. 163, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот може да ја ослободи странката само од плаќање на такси ако со плаќањето на таксите значително би биле намалени средствата од кои се издржува странката и членовите на нејзиното семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Средбата со Марија, блискоста со неа, со нејзиното семејство, со сите луѓе таму, му покажаа дека овие сфаќања на неговите родители не се оправдани.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Раскажувањето на мајка ми ќе го пренесам интегрално, а јас ќе се обидам да ја составам целината за нејзиното семејство и нивната тажна судбина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со една од трите железнички композиции, заедно со нејзиното семејство, била депортирана во концентрациониот логор Треблинка. Никогаш не се вратила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа имаше само шеснаесет години кога дозна во еден манастир, Нотр-Дам де Сион, близу до Истанбул, каде што учи француски, музика, виолина и пијано дека нејзиното семејство ја свршило за еден млад човек од албанската аристократија кој тукушто ги беше завршил студиите по политички науки во Истанбул.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во еден ден тримина мажи од нејзиното семејство убиваат Бугарите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Амбасадорот Амбасадорот во бабината свест добиваше митска моќ, многу повеќе од таа основната, како висок чиновник на една во друга држава, само затоа што веруваше дека нејзиниот полубрат амбасадорот Али Фетхи Окјар ќе ги спаси нејзините синови, ќерки, семејството. Иднината на нејзиното семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Моето пријателство со Сара Ауербах започна неколку месеци откако престанаа часовите по цртање во дворот на куќата на нејзиното семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш јас ја знаев само како лик кој набљудуваше низ прозорецот, а потоа нејзиниот татко му беше рекол на брат ми дека во нивниот дом сега доаѓа неговиот колега од факултетот, доктор Ернст фон Брике, сликар – аматер кој почнал да ѝ држи часови на ќерка му, и кој побарал на часовите да доаѓа уште некое дете, затоа што така би се постигнала подинамична работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така беше секогаш со нејзиното семејство и со татковите книги...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XXI Невестата Ервехе, со питомината, со тивкоста која ѝ беше речиси вродена, влегуваше во еден патријархален свет кој беше речиси непознат во нејзиното семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Штом стигна во Тирана, во куќата на Афрдита и ќерка ѝ Мирјам, нејзиното семејство будно вардено од очите и ушите на полицијата Сигурими, мајка веднаш побара да оди на гробиштата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка му се доверуваше на огледалото и во мачните и долги години на егзилот кога ќе стигнеше телеграма-некролог од другата страна на границата, која јавуваше за смртта на некој од нејзиното семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го следи авторот она што го наречува фигуративно како „зборување на молкот”, „реч на тишината”, имено, во тој маѓепсан простор се разоткрива и мизансцената на приказната – возбудливата одисеја на мајката Ервехе и нејзиното семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На самата граница помеѓу Грција и Албанија, во родното гратче Лесковик, во нејзиното семејство, владееја поинакви закони.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За Мајка, непредвиденото заминување значеше уште поголемо одда­лечување од нејзиното семејство, за моите браќа замину­вањето значеше крај на детскиот рај, а само за мене, тогаш двегодишен, ова заминување, во подоцнежните години, прерасна во вистински мит кој ќе ме обзема со години и ќе биде еден од битните генератори на моето пишување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се обидувала првин да го убеди својот маж, вујкото на Ервехе, да стори сѐ што може нејзината Ервехе да не ја мажат пред време, да ја испратат да учи во Италија, имаше каде, ако не другаде, тогаш кај нејзиното семејство во Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Видни претставници од нејзиното семејство имаа високи позиции во Отоманската Империја, некои од нив втасаа и до паши, а добро беа поставени и во првата независна албанска држава.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вистина беше дека, при читањето, Татко редеше нови пластови знаење во својата душа, а Мајка беше пови­кана да ги проверува овие вистини во животот, како све­тли­­на на нејзиното семејство кое стануваше мала ѕвезда во балканските темнини... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)