Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Покажал со рака на онаа страна на која мислел дека е нејзиното село кое не можело да е далеку.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоеше така исачена од патеката да им направи пат на жените што наидуваа отспротива и кога, одеднаш, од земја, онаму отаде, од гробот на деда ѝ Нича ѝ аба и Стамена кои биле закопани тука, а не во нејзиното село, шикна од земја чадливиот оган и чиниш до небо, како топола вретенесто се извиши застрашувачки кревајќи се сè повисоко и повисоко.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Без трепкање го гледала. Млак ветар си поигрувал со едно нејзино темнозлатно перче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Тогаш оние шестмина се од нејзиното село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
" Зборувајќи си така, Севда излезе над село, на раскрсницата од каде што патот вртеше надесно кон нејзиното село Долнени.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Таа кришум нè следи од под Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)