Првин се одделуваше од другите писма по зелениот, обичен плик, кој со години кај нас беше ист, среде белите пликови од луксузна хартија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Лесно го препознав и нејзиниот ракопис на пликот со кој беше испишано моето име и презиме, адресата. Се гледаше напорот да биде ракописот што поубав.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)