Но тоа многу ја надминува мојата амбиција и би зафатило многу, многу томови.160 Тешко ќе биде и многу пипаво да се идентификуваат само некои од генеричките или прагматичните елементи што на машката геј-сексуалност ѝ ја даваат нејзината специфичност, што ја определуваат нејзината различност и што ја разграничуваат од главнотековната, хетеросексуална култура.
Еден очигледен заклучок што може да се изведе од ова ограничување е дека машката геј-култура што ќе ја опишувам е култура на мажи Белци од средниот сталеж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А бидејќи едно од барањата што нашето општество ѝ ги поставува на хомосексуалноста е да биде – ако не видлива – барем читлива, секогаш да се открива при внимателното и стручно набљудување, тогаш секој обид да се тврди дека машката сексуалност е по природа сосема необележана, да се тврди дека не создава никакви препознатливи знаци за нејзината различност, неминовно ќе наиде на скепса и на отпор.78
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)