нејзин (прид.) - раб (имн.)

Таму,на самиот нејзин раб, Пишпирик и Барбут бег мавтаа со раце и викаа, но што, не можеше да разбере.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од куќните тесни врати овде-онде стар топ зјапа, а зад него куп гранати под бетонска лежат капа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мајка им втрча низ кујнската врата, држејќи се за нејзиниот раб, и го погледна семејството.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Калан (Сфинес) философот, ја претставил сликата на власта на Александар вака: На средина фрлил сува и тврда кожа, застанал на нејзиниот раб, па таа сега се поткренала од другите страни.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тоа беше не многу високо поставено, под густо насадената црна коса, како рамна тесна нива, која полегнала под багремовите дрвја построени веднаш до нејзиниот раб.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Прескотовото читање на терминот, border е област која се допира со boundary, која е на нејзиниот раб, додека borderlands се однесува на „транзиционата зона во чии рамки лежи границата“.5 За Ладис Кристоф, ‘boundary’ се однесува на територијалниот лимит на модерната држава, додека ‘frontier’ ја означува (континуираната) експанзија на еден политички ентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)