Јага Перуника беше побрза кога Марко се наведна по револверот; таа го зграпчи оружјето и го пикна в пазуви: не ќе стрека нејзиниот проклетник, не ќе му дозволи дури и ако се заколне дека ќе се ожени со неа, веднаш, во самата крчма на еден покоен Миломир.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)