Татјана беше многу убаво бебе. Кога ја донесоа од болница не ја сакав и ми пречеше нејзиното присуство во куќата во која јас не бев повеќе оската на вртење.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Само така мајка ми ќе дојдеше од кујната или од бањата каде, колку што ме држи сеќавањето, постојано переше во едно корито потпрено врз дрвена штица на кадата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тие дури како да го забораваа нејзиното присуство и никој не подозираше дека е таа заправо најжив учесник на овие вечерни собирања и дека нешто настанува во нејзината душа: под благиот глас на Пискулиева ѝ 'рти зелено пламенче од срцето, така како што целата зима неусетно 'рти тврдиот компир и чека само малце топлина да го издигне своето мало зелено бајраче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Првите денови уште му излегуваше живо пред очи ликот на Лила, го вовлекуваше таа негова сила на претставување, му создаваше илузија на нејзиното присуство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Со тоа на Велика Британија ѝ се дала можност да дејствува во помагањето на своите приврзаници во Југославија со цел истерување на Германците, а едновремено да обезбеди и сили кои по војната ќе го гарантираат нејзиното присуство во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Првите контакти со штабот на Дража Михајловиќ Британската известителна служба од Каиро ги воспоставила во почетокот на септември 1941 година.24 Со тоа на Велика Британија ѝ било овозможено да дејствува во помагањето на своите приврзаници во Југославија со цел истерување на Германците, а едновремено да обезбеди и сили кои по војната ќе го гарантираат нејзиното присуство во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Сакаше да го избрише нејзиното присуство. Кукавички. Подло.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По некое време тој ја изгасна светлината и се врати да спие, но пак се разбуди, овој пат не од нејзиниот глас, ниту од каков било звук, како на пример од отворање на врата, или од отворање на прозорец, туку нејзиното присуство го повлече од сон, кое тој го почувствува додека спиеше, онака како кога некој што има лесен сон, може да почувствува ако некој, тивко, на прсти, гази во неговата соба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ако едноставно го свртеше лицето кон нејзината страна на креветот, или ако се обидеше под покривката со раката или со ногата да го почувствува нејзиното присуство, ќе дознаеше дали таа беше на креветот, но тој не го стори тоа зашто ако таа беше таму и ако беше будна, ќе може да исконструира дека тоа е знак на прошка или за негова потреба од неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И сега, наместо да ѝ биде полесно, кога змијата си заминала, Рози многу посилно го чувствуваше нејзиното присуство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Можеби поради нејзиното присуство не само во собана туку и во моите размисли?) Всушност во објаснувањата во кои непотребно се бев вплеткал избегнав една голема глупост, посакав во еден момент и себеси да се спомнам како жртва на оние многу чудни одлуки што не ги донесува здравиот разум туку насмевката или своеглавоста на моќникот. (А нели, неупатените се уште и мене ме сметаа за моќник) Но за среќа навреме се сепнав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На Таша и реков (раководен од желбата да ја утешам а притоа и да не ја заобиколувам вистината) дека постојат повеќе случаи како нејзиниот, во кои правдата не го избрала најдобриот пат а во движењето се определила за најбавната варијанта, лазењето!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мајчиното конечно свртување против сопственото чедо повторно го оживува ужасот што нејзината љубов го поттикнувала отсекогаш, ужасот „од протерување од нејзиното присуство“ (112).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет.
Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но нејзиното присуство во училиштето се почувствува на друг начин.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој лежи смирен и силен и го чувствува нејзиното присуство крај себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Миг. Мека опуштеност. Леснина на птица лебдее над топлиот кревет.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Долго време дури и не се знаеше за нејзиното присуство во домот, како да не живееше меѓу нас, меѓу луѓе.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Првпат тогаш се соблече гол во нејзино присуство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Марија сфати дека многу е вознемирен од нејзиното присуство.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тоа можеби и беше така, но таа не му поверува. Ѝ беше јасно дека се противат на нејзиното присуство во нивниот дом.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Уште една година осигурен е барем од нејзиното присуство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се сеќавам и на други мајкини поговорки и изреки, ги враќам во животот со нивното неизветвено значење, ме заштитуваат, и многу други на кои не се сеќавам, без нејзиното присуство, како неодминлив штит во мачните ситуации во животот...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Може да се рече дека, под влијание на Мајкината тивка моќ и на нејзиното присуство, Татко стануваше мистичен рационалист.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го молеше: „Чекај, не говори. Кога си пијан, го чувствувам нејзиното присуство.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Помислив: тоа е најлесниот пат да се утврди нејзиното присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За жал низ клучалката ми беше на располагање само оној дел од собата во кој лежеа натрупани едно врз друго употребените делови од нашата скромна гардероба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Реков: - И покрај тежината на изненадата со која ме почести преку телефонот, не го забележувам нејзиното присуство кај тебе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бев со нејзиното присуство среќен на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сегде се чувствуваше нејзиното присуство.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)