„В) Да ѝ се пристапи на Советската влада со идејата за постигнување заеднички договор за немешање во политиката на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„На тој начин - пишува Ст. Симеонов - реакцијата на Велешкиот кружок се пројави против раководителите на културното бугарско дело во поробените земји, како против вишата управа во центарот, Цариград, така и против нејзиниот претставник во провинцијата - велешкиот владика“49.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во протестното писмо посебно се нагласило дека интервјуто е објавено во време кога вистината за Југославија станала позната во светот и кога британскиот премиер Винстон Черчил ги величел успесите на југословенските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На овој обид на Константин Фотиќ реагирал Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, кој на 26 април 1944 година упатил протестно писмо до Редакцијата на весникот „Њујорк тајмс“, изразувајќи притоа чудење зошто такви сериозни весници како „Њујорк тајмс“ и „Њујорк Хералд трибјун“ отстапуваат простор на своите страници за мистификациите во врска со Дража Михаиловиќ, упатени од членовите на реакционерната Југословенска влада во емиграција, на чело со нејзиниот претставник во САД, амбасадорот Константин Фотиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И во однос на ЕАМ се сметало дека во средината на 1944 година веќе не „би било можно…да ѝ се даде екслузивна поддршка на ЕАМ“, особено во моментот кога „грчкиот премиер се согласил да прими во Владата нејзини претставници и да ја вклучи ЕЛАС во Националната армија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште од времето на Кресненското востание, во кое имаше раководна улога, Стамболов води немилостива борба против секоја манифестација на македонската национална свест и успеа привремено да ги неутрализира и движењето на Т.Гологанов, и Младата македонска книжовна дружина и др. македонски друштва и комитети, па така дојде и до книшката на Вардарски (П.Попарсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставуваше првата програма на тогаш основаната ТМОРО.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)