Се сети на Бларни-каменот на девојката, на нејзиниот прамен коса, и на сите нејзини чудни верувања.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во тој момент на среќа како од лежење врз бранови, како од предаденост на некакво лизгање преполно со тополи, не можев да ѝ го кажам она што таа би го разбрала како лудост или болест што и беше само на друг начин, на некои други животни брегови; ѝ зборував за нејзиниот прамен коса, за нејзината црвена чанта, за нејзиниот начин да го набљудува огласот за некоја бања, за тоа дека не ѝ се насмевнав поради донжуанизам или здодевност туку за да ѝ го дадам цветот што го немав, знак дека ми се допаѓа, дека ми е фина, дека патувам пред неа, за уште една цигара и уште еден чинцано.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)