нејзин (прид.) - појава (имн.)

Секој можеше да поверува дека таа испливала од сините морски длабочини - зашто во неа имаше нешто што го имаа сирените, имаше нешто подводно во целата нејзина појава - како да дошла од длабините на некој злокобен свет за да го намами и да го изневери, и откако го направи тоа, сега сакаше тој да го изеде тоа неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Криев само јас, но затоа во себе одгледував едно убаво, сладосногорко чувство, што се потсилуваше од нејзината појава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А што се однесувало до шегата, за неа Пачев искажа посебни похвали.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, неочекуваноста на нејзината појава е толку потполна, што зборовите ми звучат пелтечаво, дури непристојно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако величи нешто нејзината појава потсетувајќи на паметник, тогаш може да се рече дека ја величи само шегата, објасни тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мислам дека ти ми нареди да почекам – реков сеуште изенаден од нејзината појава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Пред мене седеше Роза, опкружена со оној ореол на пренагласената за ваквиот случај стаменост, инаку многу карактеристична за нејзината појава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)