Речиси никој освен Милер не направил општествена критика на машкиот геј-културен објект и не се заинтересирал за исчитување на масовната култура од гледиште на машкиот геј-субјект кој е нејзин потрошувач.148 И ретко кој од квир-теоретичарите се обидел да изведе приказ на машкиот геј-субјективитет преку индуктивна студија на историјата на машките геј-културни присвојувања наместо врз нив дедуктивно да ја применува психоаналитичката теорија или некоја друга теориска догма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)