Над нејзината постела стоеше фотографија. На неа: Таа и Тој.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Авторот не сметаше дека е првиот во нејзината постела на распуштеница, но во ниеден момент не доби впечаток дека Граматниковски некогаш влегол во оваа соба.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој е, се врати, без вина никој не векува в затвор, а таа, ако чека друг, ако се надева на скокотлива ноќ, се излагала, тој сега ќе е стражар над нејзината постела.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нејзината постела беше мека како и порано. За богословот и за агентот. Не само за него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него. Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гладен по нејзиното тело, Јаков со возбуда ја очекуваше Ребека легнат во нејзината постела.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наместо да се обиде да дојде до некоја информација што ќе содржи или барем ќе наслути некаков излез тој по втор пат ги исцедува помеѓу забите истите веќе искажани констатации: дека Загорка минатата ноќ не ја поминала во нејзината постела и дека за жал не е пронајдена нигде во кругот на болницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Некаде кон пладне, нејзината рака ја испушти мојата. ѝ ги склопив очите, станав, излегов на балконот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Добрата Душичка уште неколку дена разговарала со празното, и ги прашувала дали им треба нешто и ги уверувала дека сѐ ќе биде добро оние кои приоѓале до нејзината постела во собата за умирање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А тој ден, по таа средба, си ги повторував зборовите на Добрата Душичка: „Сѐ ќе биде добро“, а тие бледнееја пред прашањето: Зошто страдаше таа, која никому никогаш не му беше сторила зло?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седев крај нејзината постела, ја држев за рака, ја слушав како кркори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)