— Е, земи де, ако ти држи? Крчето попово ми a даде да та а донеса! — рече Тода и ѝ се втренчи во очите да види какво дејство ќе направи оваа нејзина постапка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Време кое го користеше за да ја куди Рада и нејзините постапки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мажот ѝ тешко го погодила оваа нејзина постапка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Баш обратно: - Не си добра мајка – фрлив уште една отровна стрела кон неа. – Дури и ако го заборавам прстенот, не можам да заборавам нешто друго.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Толку многу бев повредена од нејзината постапка, што никакво сожалување од моја страна таа не можеше да очекува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Или барем да се обиде да ја обвини за нејзината постапка таа вечер.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Колку повеќе размислувам за тие нешта се повеќе ми се чини оправдана нејзината постапка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа се случуваше вчера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив: настојува да ме увери дека и смртта за луѓето не е веќе тајна, дека ја имаме веќе осознаено па затоа и располагаме со доволно умеење за да ги намалиме последиците од нејзините постапки што напати и не сме во состојба да си ги објасниме.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам дека имала добра причина да постапи онака како што постапила.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зарем заборави дека сите твои желби се и мои!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не е лесно да закопаш дел од својот живот особено тогаш кога твојата храброст ќе ја насрчи неправдата и злото кај оној кому некогаш му ја имаш доверено својата доверба.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На нејзината постапка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се чинеше дури дека не е во состојба да ја сфати нејзината постапка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А зошто?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еден дел во мене, барем во оние први денови откако узнав за случајот, како да ја осудуваше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Затоа реков дека на одреден начин дури ѝ заблазнував и се восхитував од нејзината постапка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Нејзините постапки се чинат сосема јасни, потребни па дури и неопходни.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако не беше присутна нејзината рака, во станов сè ќе беше испорастурено, заклучуваш следејќи ги нејзините постапки.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како поинаку можеа да се толкуваат нејзините постапки во Татковата соба-библиотека по толку изминати години!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)