Конечно прекрасно очите гледаат. Портокалов од облаци сунѓер месечината весела ја придружува на нејзиниот пат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Но еве сега се истава од нејзиниот пат, зашто не може со обични зборови да ја домами необичноста, зашто и необичните си имаат секој свој пат и тешко се среќаваат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Со други зборови, државата зафатена со занесот на Volksgeist-от веќе ништо не ја спречува; никаква етичка норма веќе не постои на нејзиниот пат: лишени од сопственото постоење, блокирани во својата совест, нејзините поданици не можат да побараат никакво право, а бидејќи нејзините непријатели не му припаѓаат на истиот вид, нема причини врз нив да се применат човечки правила.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таму таа била попречувана, потпирана и спречувана на секоја стапка од нејзиниот пат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но, Македонската револуционерна организација била рожба на македонските општествено-економски услови и нејзиниот пат и развиток, цели и стремежи биле диктирани од историската потреба на нашиот народ за слобода, а не од политиката и претензиите на соседните држави.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
За него телото е место во кое душата само „престојува во нејзиниот пат кон светот на бесмртноста“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
1 Се претпоставува дека големиот антички филозоф Платон, под влијание на орфизмот, бил застапник на мислењето дека душата е бесмртна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Токму кога убедените обожаватели ја нарекуваа најсјајната филмска ѕвезда, слика и прилика на милоста, токму кога писателите раскажуваа за нејзиниот пат до врвот, токму додека дрег-кралиците ја изведуваа Милдред Пирс пред огледало, во некаков раскошен, патетичен омаж на победоносницата од губитникот... таа мрееше сама во очај.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Јагулата надживеала и фараони, императори, диктатори и никакви граници и прегради не можеле да го запрат нејзиниот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)