Во недоглед се протегнала рамна планинска рудина, опкружена со дебели зелени борови, која се чини како од некоја волшебна приказна.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Брчалото, сега очигледно задоволен од местото што го зазеде пред продавницата и своите соселани, остана со погледот забаран по планината и нејзините падини отспротива.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Високо дури во синото небо, издигнала глава легендарната Пирин Планина. По нејзините падини растат зелени борови.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)