Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дипломатите како последен браник мораат да веруваат во надежта на дијалогот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Човек имаше чувство дека таа живее без храна или вода, па дури и без воздух, дека во себе ги содржи сите органски, хранливи и атмосферски елементи потребни за нејзиниот опстанок, за нејзиното милениумско постоење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Ами како ќе живее таа држава која е толку малечка и сиромашна? – прашуваше и загрижено мрдаше со глава, искажувајќи го на тој начин своето сомневање во нејзиниот опстанок.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)