Во заокружената изјава за мотивите, вие морате да кажете нешто што ќе го именува делото (се именува она што се случило во реалноста или во мислите), и потоа да се именува сцената (позадината на делото, ситуацијата во која тоа се случило); исто така, морате да укажете која личност или тип на личност (извршител) го извршила делото, кои средства или инструменти тој користел (средство), и која била целта . . . секоја комплетна изјава за мотивите би нудела некој вид одговор на овие пет прашања: што е сторено (дело), кога или каде е сторено (сцена), кој го сторил (извршител), како тој тоа го сторил (средство) и зошто (цел). (Burke, 1969 стр. xv) Со поставување на прашања за искусување на искуството, можат да се истакнат посебни дела, сцени, извршители, средства и цели.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Прашања од нивото на свесност Нивото на свесност овозможува индивидуите да ги преиспитаат промените во развојот кои се одвиваат преку алтернативно ниво на акција и да определат кои се можните нови сознанија за: (а) природата на нивните предиспозиции и желби, (б) карактерот на различните квалитети на индивидуата и на нејзините односи со другите, (в) структурата на нивните внатрешни состојби, (г) содржината на преферираните вредности, верувања, и конечно, (д) природата на нивните определувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова има “драматично” учество во архелогијата на алтернативните сознанија за личноста и за нејзините односи со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Индивидуата која заклучува дека “само-занемарувањето” имало големо влијание на нејзината/нејзиниот живот (претходна доминантна тема) може да дојде до заклучок дека промените на алтернативното ниво на акција одразува дека тој/таа се ангажирала во “проектот на само-поддршка” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа го забележа тоа, но чувствуваше потреба за прв пат сега гласно и отворено да го каже своето мислење без да се надева дека тоа ќе измени нешто во нејзините односи со Киријаз.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Исто така, ми пречеше овој нејзин однос кон Вера, пред уште да ја запознае, или макар да ја види.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ми беше мило што и татко ми дошол до истата помисла за тетка ми и за целиот нејзин однос како јас.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој отпрвин бил изненаден од ваквиот нејзин однос.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Рози одеднаш стана малодушна, не затоа што ѝ беше објаснета мистеријата за змијата, или дека нејзиниот однос кон змијата беше изменет, туку затоа што се сети дека е во Идн Парк.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Разбирливо е што Британците не можеле да останат пасивни и индиференти во поглед на опасноста за нивните интереси од активирањето на "македонското прашање" и поради укажувањата за формирање федерација меѓу Југославија и Бугарија, со што се загрозувале британските стратегиски планови "во градењето на Грција и помагањето на Турција како балканска сила".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Затоа Сарџент сугерирал дека било потребно да се испита "уште еднаш природата на овој стар и неразбирлив проблем за Македонија и нејзиниот однос за скорешната идеја за словенска федерација, вообличена од Југославија, Бугарија и Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„Да знаеше и да беше уште жив можеби и ќе се појавеше“, рече таа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Можеби татко му на Иван ќе се појави“, се обидов да узнаам нешто повеќе за нејзиниот однос кон тој непознат човек.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Средбата меѓу двете жени на глумицата ѝ го менува сфаќањето за себе, за својот идентитет како жена, за историјата и политиката на нејзините односи со мажите и најпосле ѝ го менува толкувањето на драматичната улога, иако е тешко да се тврди дали тоа го прави на подобро или на полошо.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нејзиниот режисер, кој во сижето на филмот ѝ е и поранешен сопруг, откако проценува дека таа улогата ја толкува премногу политички, премногу феминистички и недоволно страсно, ѝ приредува средба со една млада Американка (чиј лик го толкува Елен Бирстин), која во Атина отслужува доживотна затворска казна за убиството на своите деца: не знаејќи ништо за класичната книжевност и за феминизмот, таа изгледа несвесно го реинкарнирала ликот на Медеја кога нејзиниот сопруг Грк, како Јасон во заплетот на оригиналната приказна, на родната грутка си ја оставил жената туѓинка за жена Гркинка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Сон за страст, прочуената сопруга на Дасин, Мелина Меркури, игра извесна иконична глумица, многу слична на неа, која, по падот на воената хунта во 1973 година, се враќа во Грција од политички егзил за да ја одигра улогата на Медеја.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мајка која никогаш не ги коментираше вестите, постојано нешто плетејќи крај Татко, повеќе за себе рече: Дај Боже да врне во Виетнам...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таков беше нејзиниот однос кон виетнамското прашање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само да не заборавам да ја прашам Јана за улогата на распосланиот тигар пред каминот во нејзините односи со рогатиот прч.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да, токму ова беше заклучокот што го изведов откако пробуричкав низ сите мисли што можеле да спопаднат една девојка со некој нејзин однос кон околностите во кои се одвиваше нашиот живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Територијата може да биде важна поради видливи причини (на пр. природни ресурси, контрола врз населението, трговски патишта и стратешка вредност), како и помалку видливи или симболични аспекти (пр. нејзиниот однос кон групниот идентитет/етничка припадност на луѓето кои живеат на неа).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)