Такво нешто, како независно политичко движење, беше надвор од нејзината моќ за поимање: и во секој случај, Партијата е непобедлива.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му се случуваше светоста на книгата со нејзината моќ да ги обединува луѓето во тешките мигови на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Е, за разлика од нив, јас верувам во енергијата и нејзината моќ.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ја почувствував нејзината моќ.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Но восхитуваше нејзината моќ да проникне суптилно во менталниот и географскиот пејзаж на хронотопот на одвивањето на мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во нејзината моќ на останување и справување со осамата имаше повеќе храброст и доблест отколку во мојата забрзана дипломатска кариера Ах, колку грешев Повторно се тешев, оваа депеша за државниот удар би требало да стигне пред да го напишам одговорот на последното мајкино писмо, со цветче на името на крајот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбира дека не може да се зборува за еден праволиниски премин на уметноста од подрачјето на култното во подрачјето на профаното, како што не може директно да се согледа општествената задача на уметноста и формите за реализација на нејзината моќ низ новите уметнички стилови и содржини.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Моќта на државата често е поткопана во граничните зони, каде што нејзината моќ е ограничена и нестабилна.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тој се пренесе за миг на некоја од незапишаните страница на својата Историја на Балканот низ падовите на империите, за да си го постави прашањето на коешто, подоцна, имаше намера да му посвети едно цело поглавје во книгата – зошто Балканците, кога не се начисто со историјата, со нејзината моќ да ги совладува, и во својата немоќ да ѝ се спротивставуваат, лесно им се препуштаат на легендите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Досегашното искуство покажува дека припадниците на видовите повеќе се склони да страдаат, бидејќи злото носи страдање, отколку да ги отфрлат формите на кои се навикнати.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)