- Ева, ручекот е готов - извика нејзината мајка од прозорецот кој гледаше право во лулашката.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Чула ли некогаш за таа скромна музичарка? И за нејзината мајка. Иако презимето на Елен е Голдбаум.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Портата ја отвори нејзината мајка и самата уплашена од средбата, му кимна со глава на збунетиот просец.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Којзнае, можеби сепак меѓу нив постои некоја подлабока врска.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Полека ѝ се доближува Дејан, толку многу што му ја чувствува кошулата која мириса на свеж босилек што и нејзината мајка го редеше во шкафот со нејзината облека.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Благодарам - го прифати подарокот сѐ уште збунетата жена, кога зад неа облечена во палто и шапка на главата, поубава од кога и да е порано, на врата зад мајка си се појави Алегра.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ме држеше за рака некое време, а потоа зениците ѝ се превртеа, закркоре, устата ѝ фати пена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога слушнав како некој за прв и последен пат во мојот живот ми вели “мамо”, времињата се преклопија – некогаш нејзината мајка во неа ја гледала својата мајка а за мене мислела дека сум ќерка ѝ Амалија, сега мојата мајка мислеше дека сум ѝ мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клара беше отсутна дури и кога Клара беше дома; јас ѝ зборував, но знаев дека таа не може да го чуе она што го кажував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По смртта на Сара, неколкупати ја посетив Клара во нејзиниот дом, но таму ме дочекуваше непријателството на нејзината мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Посебно откако почина нејзината мајка, жената која во нејзе вгради сѐ што е позитивно и човечно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го гледаше Рада изопачениот лик на својот татко, спуштениот поглед на нејзината мајка, која само во ретки моменти можеше да му се спротистави.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Песната што се излеа од усните на младата поетеса беше посветена на нејзината мајка , онаја што беше сведок на нејзините први чекори и полет .
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За Ружа, сѐ освен оние традиционалните, научени од нејзината мајка и баба, друго ништо не доаѓаше предвид.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неговата мајка, бабата Хазбије, од родот на Фетиевци го носеше сѐ поголемото семејно бреме, но и цврсто беше уверена дека еден ден ќе замине кон Турција, кајшто одамна беа заминати нејзината мајка и нејзиниот татко, браќата и сестрите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Рече дека е од бавчата на нејзината мајка.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
17. ЛУТО ЈАДИ, А ЗБОРУВАЈ БЛАГО - за единство на противречјата поднеси и жртва, но на таа животна теорија, иако не ни е драго, практиката, нејзината мајка, одамна ѝ била мртва...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
До тебе седеше едно црномуресто девојче, косата ѝ беше собрана во кики, цело време љубопитно те подгледнуваше и со лактот дискретно ја удираше постарата жена што седеше до неа, најверојатно нејзината мајка.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Пред очите му се враќаа сликите за сиромаштијата во куќата во која живееше Марија. Нејзината мајка. Нејзините сестри.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да можат да видат сега тебе, ќе пратит здравождво на нејзиниот мајка. – Поминаа крај конакот, но Трајко го зеде качето со маста на десното рамо да му го закрива лицето од прозорците на конакот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Петра се врати во подрумчето. Откако виде дека во нивното одајче нема никого, прескокна до кај Чана и нејзината мајка Митра.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ервехе си ја имала вистинската мајка отаде животот, а далеку била и нејзината втора мајка, во Солун, нејзината мајка на животот, чудесната Клементина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа велеше дека на ова огледало ѝ се прикажувала судбината, низ нејзината мајка чија судбината сакаше нејзината ќерка да не ја види жива.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тетка, среќна ми најде фотографија на нејзината мајка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Од друга страна тој лично, а веројатно и многумина од жителите на Горно Морино можат да посведочат дека белезицата му припаѓа на семејството Чардаклиеви; дека на Маре ѝ ја предала нејзината мајка уште кога била жива.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
IV. - Се сеќаваш на Колин Костело? Малата Колин Костело, која се отру со барбитурат, од голема тага како изјави нејзината мајка, поради смртта на обожуваниот Џон.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ете, добри мои, така разговараа една малечка Тања и нејзината мајка, а јас слушнав и си мислев како таа Тања е растурливо девојче, како не знае да штеди и како лесно, лесно ги расфрлала парите што ѝ ги дала мајка ѝ.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ова што ви го реков за штедењето ми се зачна како мисла и како намера да ви го речам, кога го слушнав разговорот меѓу една Тања и нејзината мајка: - Тања, купи ли леб? - Купив, мамо.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во зборовите што ги изречува додека го дава поклонот има искрена радост и топлина, пожелувања за љубов долготрајна што ќе донесе товари радост во срцата на мајката Роса и на мајката Вета, идната нејзина мајка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пред Богородица прва се поклонува баба Перса гласно ломотејќи благодарности и молби, на крајот ја целува и на ред е секако малечката Пела која веднаш се наоѓа во рацете нејзини што ја надвиснуваат над Богородица која е поклопена со дебел џам и гласот од баба Перса вели Благослови ме мајко Богородице! и таа ги повторува истите зборови, па рацете на баба Перса ја спуштаат крај себе и сега пред мајката Богородица клекнува нејзината мајка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Нејзината мајка и тетка Чана се сакаа како сестри, така велеше тетка Деспина на баба Роса, така се сакаме Дончо и јас! мислеше понекогаш Пела.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)