Тогаш кога Трајанка имаше стодваесет години и сѐ уште на нејзиниот лик се читаа убавите црти.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Потоа Клара самоуверено ќе ја измазнеше косата, ќе си пратеше бакнешче во огледалото, се разбира, упатено кон нејзиниот лик, за кој таа мислеше дека е крајно отмен, и во цврст од, сигурно ќе закаскаше кон излезната врата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Последните неколку години, матичниот лекар го лекуваше од спондилоза, се додека мојот многу добар пријател Даскалов не ги виде метастазите предизвикани од ракот на белите дрободи!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сепак, уверена сум дека и баба ни е таму некаде во нејзиниот лик. Не толку наметливо како Ласа, ама присутна...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Додека камионот се оддалечуваше, нејзиниот лик забрзано се оддалечуваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Му се чинеше дека е тоа нешто најмногу до кое може да достигне во својата љубов, да го има при себе барем отисокот на нејзиниот лик.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Таа е дојдена за друго, самовилска ќерка, таа е дојдена да ги земе Петревите лоши
очи, тие очи во кои засекогаш ќе биде најубав нејзиниот лик, а нему ќе му остави пуста темнина во која ќе ја бара.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А тој уште од оној миг кога за првпат го слушна името на девојчето, почна во своите мисли да го изградува и нејзиниот лик: „Би морала да личи на татка си, височка е значи, има дупчиња на образите, крупни црни очи, црна коса што слободно ѝ паѓа врз белото чело...“
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа не исчезна само од собата туку и од неговата визија, од неговата имагинација, од неговата способност да си го замислува нејзиниот лик.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сега сето негово битие влечеше кон неа, тоа посегна и надвор во просторот, и пипкаше во темнината, во обид да го зграпчи нејзиниот лик и да го задржи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не мора да се ограничува на поставување емоции што никогаш не се претерани, што се строго и целосно побудени, што не испуштаат ни најбледичко зракче сентименталност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дури и да не е Дејвис нужно садист во голем број од нејзините улоги на платното, нејзините ликови честопати недвосмислено уживаат во победоносноста, во расфрлањето со моќ и со авторитет, во пркосот против општествените конвенции и во терањето по свое дури и, па и особено, по цена на туѓото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не мора да се дисциплинира за да се штити од кобната можност нејзините ликови да изразат повеќе отколку што навистина чувствуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поконкретно, гламурозноста на Дејвис, која е еднакво сјајна како онаа на Крафорд, изгледа е многу понесврзана со абјектност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие на другар ми му откриваат многу за тоа каков тип е дечкото со кој излегува, за природата на врската што му е судена – конкретно, каков ќе им биде сексот... на долг рок.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, иако веројатно е претерано и прешематско целото тоа конвенционално сфаќање дека двете глумици отелотворуваат спротивни идентитети и типови на личности, изгледа дека е неспорно дека особениот етос и особениот стил на Бети Дејвис предизвикуваат визуелно, емоционално, морално и сензуално дејство што е многу различно од она на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од трагедијата, мелодрамата не мора да си ги правда екстравагантностите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А бидејќи патетичното страдање со кое се гордее од самиот почеток е осудено да мине во очите на повластениот и невнесен гледач како „изнасилено“, како претерано или театрално, мелодрамата нема што да ја плаши впечатокот дека емоциите што ги поставува не се сосема автентични, дека не се чувствуваат толку колку што се изведуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во некои од оние мигови кога во кашлањето, повраќањето, или треската, бев на работ од бессознанието, ги слушав нејзините зборови: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понавредливо од тоа дека нејзините ликови имаат психолошки профил на амеба можеше да биде само тоа дека таква, лигава и леплива едноклеточна маса, е и самата таа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Во темнината телото тлее и очите, загледани во решетката, истекуваат во копнеж да го здогледаат нејзиниот лик.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во ова парче од моето долго деноноќие, користам други орудија. – Не се осудувам да прашам кои – рече другиот лукаво, или понизно. – Зборувам за оние со кои божеството ги создало Небесата, Земјата и невидливиот Рај каде што се наоѓаме, за оние со кои ни го крие Првородниот грев.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ти велам дека розата е вечна и дека само нејзиниот лик може да се смени.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Остана уште една работа недоволно разјаснета.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Си го поставувам ова прашање обидувајќи се со показалецот да нацртам на ѕидот од затворската ќелија барем дел од нејзиниот лик.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не ја беше видел, а сѐ уште јасно го гледаше нејзиниот лик и по тоа знаеше дека ќе му стане судбина, дека што и да направи, каде и да бега, со неа ќе мора да се сретне и да го стори тоа што му е пишано.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Боже, колку беше изменет нејзиниот лик.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Како да се обидуваше да се присети на нејзиниот лик.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Прв пат по половина век го гледав нејзиниот лик.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Писателката олеснително воздивна кога го виде паното - не биле огледало на нејзиниот лик и творештво - туку - Дојранското Езеро некогаш и сега.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Таа беше молчелива, нерасположена и дезориентирана. Околу очите имаше големи подочници, нејзиниот лик на ангел некако брзо се измени.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)