Лежи на плеќи дополу разоткриена, со блузата разградена, дојките обиснати кон мишките, целата запалена така што топлината што зрачи од неа веќе благо ме допира онака застанат над нејзиниот кревет.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Откако ќе ја сместев Ели во нејзиното креветче, заградено од страните со високи мрежи, и ќе ја натрупав со сите играчки, се зафаќав со приготвување на уроците.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Дојде до нејзиниот кревет, ја погали по лицето.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
На нејзиното креветче имаше многу подароци, цел куп.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
До нејзиниот кревет, место седум, ја чуваат три џуџиња. Деца ли се или ѓаволи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Бојана го прибра во нејзиниот кревет (- гревче едно, зарем мислеше дека со цел памет ќе те оставам да спиеш на подот?), што малку го подсмири, дури и сонот неколку пати сакаше да го прими во неговото царство... ако Бојана за беља не почна да грчи.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Малечката носи цвикери. Се сместувам до нејзиниот кревет.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Замрзнав... Седнав на нејзиниот кревет, и ја зедов десната рака во моите широки дланки и почнав да ја галам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Збунето и скаменето се потпирав врз нејзиниот кревет.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Потоа најстариот од браќата седна покрај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дванаесетте Густави и јас стоевме покрај нејзиниот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Полека ја поткренав од столчето, ја внесов во станот и ја одведов до нејзиниот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Остани со мене ноќва,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш Клара го земаше в раце цртежот што стоеше на масичката покрај нејзиниот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој цртеж, направен на малечко парче хартија, случајно се нашол во џебот на брат ѝ при една од неговите посети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- „Сега имате можност да плачете колку што сакате“ - ѝ рече докторот со глас што заспиваше. -„Солзите се најдобар лек.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но тогаш светот веќе изгледаше како мирно место, исполнето со љубов, а пред нејзиниот кревет бдееше еден достоинствен старец со нежни движења и со смирувачка насмевка, кој ѝ ја врати волјата за живот со две хипнотички движења на раката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пред да ја постават двајцата снажни болничари пред нејзиниот кревет, таа не заборави да им се заблагодари.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Да“, рече, со длабок глас, „да, се разбира. Кога резултатите ќе бидат готови.“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 159
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Една ноќ, додека лежевме испреплетени во големата бела тврдина на нејзиниот кревет, ја симнав пластичната капуљача и ја прашав дали било кога ќе ми верува толку за да водиме љубов на начин познат со столетија, сирово и незаштитено.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таа се извлече од својата обвивка и погледна настрана нудејќи ми го својот извонреден благороднички профил.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)