Јас бев повеќе од сигурен дека виновник за нејзиното исчезнување не постои.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На пример од она што го рече за Загорка Пеперутката произлегуваше дека таа, според однесувањето а и пројавените активности можела слободно да се смести во една посебна категорија суштества и дека токму таа нејзина посебност можела да ни понуди објаснувања и во врска со нејзиното исчезнување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Вообразувањето или болката што ја предизвика исчезнувањето на Загорка Пеперутката ме наведе да ја споредувам со исчезнувањето на братучедот бидејќи и за нејзиното исчезнување не сме сигурни на кој начин и дали воопшто се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа веруваше дека, по нејзиното исчезнување, ќе нѐ обединуваат Татковите книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сите, освен таа, иако тоа никогаш не го кажа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Обајцата беа свесни дека секоја голема библиотека во светот настојува да се спаси со спротивставувањето на губењето на меморијата, на нејзиното враќање таму каде што е целосно исчезната или се навестува нејзиното исчезнување, да се спаси конечно од губењето на нејзиното значење за човекот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Последните недели од животот на Сара толку беше видливо нејзиното исчезнување од овој свет, а сепак сите верувавме дека тоа е нешто што ќе мине.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)