Ништо не е покарактеристично за оваа генерација од нејзината зависност од музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оваа друга страна на Џоан Крафорд е манифестација на нејзината зависност од расфрлање, на нејзините несигурности, на нејзиниот страв, на стресот од работа, на немајчинските инстинкти, на жедта за моќ и на нејзиното калкулантство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ова е доба на музиката и на душевните состојби што ја придружуваат.” (Bloom, 68) Можам да разберам кога Camille Paglia признава дека “искрена и неприкриена е мојата завист кон музичарот кој е способен да влијае на публиката со таква чувствена непосредност и предрационална манипулација на нервите” (Paglia, 60).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)