нејзин (прид.) - дојка (имн.)

Нејзините долги коси што ѝ паѓаа на плеќите, се креваа при трчањето како грива од ждребица, а нејзините дојки надуени и штркнати настрана како кај коза, се тресеа, и чиниш, секој момент ќе се откинат како зрел плод; заличуваше на божица излезена од храмовите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И шумот на врелата дамка на нејзината дојка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)