нејзин (прид.) - допир (имн.)

Сега инстинктот ѝ кажуваше дека нејзиното лубениче беше доволно големо за да не биде заразено од нејзиниот допир, и затоа со двете раце и со грижа својствена на мајка кога го зема в раце своето дете, таа го поткрена лубеничето неколку сантиметри од земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Голтајќи го студот со отворена уста, тој се сети на нејзините допири, илјадници нежни трансфузии на вистинска човечка блискост што му ги даваше додека тој крвавеше, несвесен за тоа што му се случува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По првпат, го осетив нејзиниот допир.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И дури тогаш, кога се сретна со тоа свое срнче, можеше да биде сосема сознаен колку длабоко беше зараснат во глувата мов на таа притаеност; тој уште ни еднаш ја немал неа таква; тој речиси и не го познаваше нејзиниот допир, што заглушува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Д-р Максимилијан Мертен задоволно ја брише устата со салвета по обилниот појадок, не брзајќи да се сретне со оној снисходлив Евреин што моментно раководи со солунската еврејска заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја сонуваше Гита среќна што го гледа, ги чувствуваше на скочанетото тело прегратките на децата, го сонуваше мирисот на чистата постела, мирисот на целерот од супата што му ја принесуваше Гита, мирисот на нејзината кожа, нејзиниот допир, нејзините нежни галежи...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Трпеливо ми објаснува. Дури и ми покажува кој прст каде да притиснам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Толку ми е милно од нејзиниот допир...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)